Полицаец нападнат од 18-годишно момче во Кисела Вода

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

713

Околу 18 часот пред еден угостителски објект во скопската населба Кисела Вода се случил инцидент, при што физички бил нападнат еден полициски службеник.

– Полициски службеници го лишиле од слобода М.Н.(18) , од Скопје, кој при легитимирање поради агресивно однесување кон едно лице, почнал агресивно да се однесува и кон полициските службеници и физички нападнал еден од нив, оштетувајќи го стаклото од влезната врата на станбена зграда – велат од МВР за ТВ21.






Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини