ПОЛИЦАЕЦ НАПАДНАЛ КОЛЕГА ВО КАФУЛЕ Приведен е во станица

560

Во познато кафуле во центарот на Скопје синоќа во 00:40 часот по полноќ полицискиот службеник Ивица Б. бил приведен од припадници на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.






Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бомјацалиев, кој доаѓа од редовите на СДСМ, на социјалните мрежи напиша дека македонската историја не памети ваков случај на поранешен полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на службена дејност, и побара максимално професионално да се расветли овој случај.

Поврзани содржини