ПОЛИЦАЕЦ КРАДЕЛ БАКАРНИ КАБЛИ ОД ФАБРИКА Вработен во полициската станица Аеродром бил предводник на банда крадци

Шокантна ситуација во Скопје, полицаец од Аеродром е обвинет за тешка кражба на бакарни кабли заедно со уште три лица, додека се очекува негово суспендирање и дисциплинска постапка.

537

Полицаецот Н.А. од Скопје вработен во Полициската станица Аеродром, се најде под истрага и обвинение за тешка кражба. Според полицијата, Н.А. заедно со три лица украл бакарни кабли од поранешна фабрика во Скопје во периодот од јануари до мај оваа година.

– Пријавениот, во повеќе наврати во периодот од 05.01.2025 до 07.05.2025 во претходен меѓусебен договор и со заедничко дејствување со три лица од Скопје, противправно одзеле туѓи подвижни предмети бакарни кабли – јавни инсталации кои содржат бакар од објекти на Акционерско друштво од Скопје, сместени во кругот на поранешна фабрика од Скопје – велат од МВР.






Одделот за внатрешна контрола при МВР најави дека против Н.А. ќе покрене дисциплинска постапка и ќе предложи задолжителна суспензија од работното место додека трае истрагата.

– Со оваа постапка сакаме да испратиме јасна порака дека никој не е над законот, па ни оние кои треба да го спроведуваат – посочија од МВР.

Обвинението веќе е доставено до Основното јавно обвинителство Скопје, а случајот се однесува на соизвршителство за кривично дело тешка кражба.

Поврзани содржини