ПОЛИЦАЕЦ ГО ПОЛНЕЛ ЛОКАЛОТ СО КРАДЕНА СТРУЈА Службеникот со кабли премостувал броило за сопствениот бизнис

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола поднел и предлог за поведување постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина против С.Ш., а како дополнителна мерка му е одземено службеното оружје и муниција.

1,681

Полицаецот С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово, е пријавен за кражба на струја, информира денеска Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Против него до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а став 1 од Кривичниот законик.






Како што соопштува МВР, во периодот од 1 март 2024 до 9 јануари 2025 година, С.Ш. со цел за себе да прибави противправна имотна корист, извршил премостување на трите фази со кабли пред електрично броило кое се води на друго лице, А.М. од село Липково, и директно ја приклучил струјата кон угостителски објект. На тој начин, електричната енергија не се регистрирала на броилото и неовластено ја користел за свои потреби, со што ѝ нанел штета на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје во вредност од 398.847 денари.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола поднел и предлог за поведување постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина против С.Ш., а како дополнителна мерка му е одземено службеното оружје и муниција.

Поврзани содржини