ПОЛИЦАЕЦ Е НАПАДНАТ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ Насилникот е уапсен
Полицијата соопшти дека уапсениот претходно ја нападнал Т.А. исто така од Пробиштип во дворот на нејзината куќа, за што била и интервенцијата на полицијата.
Денеска во 01.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Љ.М.(36) од Пробиштип бидејќи се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник додека бил на должност.
Полицијата соопшти дека уапсениот претходно ја нападнал Т.А. исто така од Пробиштип во дворот на нејзината куќа, за што била и интервенцијата на полицијата.
На настанот му претходела тепачка во казино во Пробиштип каде што Љ.М. бил физички нападнат од А.А., брат на Т.А. По тепачката Љ.М. отишол во куќата на Т.А. за да го побара нејзиниот брат каде што го нападнал и полицаецот.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.