ПОЛИЦАЈКА ОД КОЧАНИ ТЕПАЛА И КИДНАПИРАЛА КОЛЕШКА ОД ШТИП Ќе одговара дисциплински и кривично

Настанот се случил на 13 септември 2025 година на место викано „Суитлак“ во Штип.

3

Вработена во полицијата во Кочани доби кривична пријава за противправно лишување од слобода, откако, според наводите на МВР, физички нападнала и насилно задржала своја колешка.

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел пријава до Основното јавно обвинителство во Штип против Ј.Н., полицајка од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Кочани, поради сомнение дека сторила кривично дело „противправно лишување од слобода“.






Настанот се случил на 13 септември 2025 година на место викано „Суитлак“ во Штип. Според пријавата, Ј.Н. таму се сретнала со женско лице – полицајка-приправник, која била вработена со договор во СВР Штип. По средбата, осомничената наводно ја внела колешката со сила во автомобил „БМВ“, со кој дошла на локацијата.

Откако ја внела во возилото, почнала да ја удира по телото и не ѝ дозволувала да излезе и да си замине, со што ѝ ја ограничила слободата на движење.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола најави и дисциплинска постапка против полицајката. До нејзиното завршување, таа ќе биде суспендирана од работното место.

Поврзани содржини