Полицајците во шок гледаа колку луѓе излегоа од автомобилот (ВИДЕО)

Да биде работата уште полоша, двете врати не се отворија, додека едната предна гума беше толку„ ќелава“ што од неа излегоа жици - се вели во извештајот.

1,179

Полицијата од Северен Јоркшир во Англија запрела еден автомобил за контролна проверка, но потоа се шокирале кога виделе колку луѓе всушност има во него.

Според полицијата во официјалното соопштение, полицајците биле шокирани кога виделе девет лица како излегуваат од автомобилот, пренесува „Мирор“.






– Еден патник беше на предното седиште, петмина од нив беа назад, додека двајца излегоа од багажникот – соопшти полицијата, додавајќи:

– Да биде работата уште полоша, двете врати не се отворија, додека едната предна гума беше толку„ ќелава“ што од неа излегоа жици.

Погледнете на видеото како сите патници успеале да се „спакуват“ во автомобилот.

Поврзани содржини