ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ПОШТАРИ Еве како од понеделник ќе се издаваат готовите лични карти
Од понеделник започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека започнува со нов начин на издавање на лични карти.
„Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава“, велат од МВР.
Затоа, од понеделник, 11.03.2024 година започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.