ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЌЕ ВОЗАТ СКУТЕРЧИЊА За сообраќајната полиција 12 нови ‘пиаџо беверли’

Примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција – рече Кожуваровска.

2,854

Нови 12 мотоцикли ‘пиаџо беверли’ и опрема за нивно користење, во вкупна вредност од 7,3 милиони денари, му предаде денеска Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на Министерството за внатрешни работи за потребите на сообраќајната полиција.

– Примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли од стана на сообраќајната полиција истакна претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.

 






 

Поврзани содржини