📷 ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЌЕ ОБЛЕЧАТ МОДЕРНИ УНИФОРМИ Македонската полиција се ребрендира

Според условите од тендерот, униформите ќе опфаќаат виндјакни, теренски јакни, летни и зимски панталони, кошули со кратки и долги ракави, капи, маици, чевли со потенок и подебел ѓон, како и високи тактички чизми за лето и зима.

3,736

Министерството за внатрешни работи (МВР) започна процес на ребрендирање на полицијата со набавка на нови униформи, кои треба целосно да ги заменат досегашните, оценети како непрактични и нефункционални. Според надлежните, новите униформи ќе бидат модерни, квалитетни и функционални, изработени по пример на униформите што ги носат европските полициски сили.

Во рамки на подготовките, МВР оствари технички дијалог со 13 компании кои пројавија интерес, при што биле земени предвид нивните сугестии и предлози.






Од Министерството нагласуваат дека постапката е целосно транспарентна и одговорна, а апелираат и до сите други заинтересирани фирми навремено да се пријават на тендерот.

„Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција. Новата униформа ќе обезбеди поголема практичност и заштита за припадниците на МВР, кои секојдневно се грижат за безбедноста на граѓаните“, велат од Министерството.

Според условите од тендерот, униформите ќе опфаќаат виндјакни, теренски јакни, летни и зимски панталони, кошули со кратки и долги ракави, капи, маици, чевли со потенок и подебел ѓон, како и високи тактички чизми за лето и зима.

Јавниот повик е објавен на електронскиот систем за јавни набавки, каде компаниите можат да аплицираат во предвидените рокови.

Поврзани содржини