ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на тераса на вториот кат

На сопственикот на куќата му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

163

На улицата 14 Јуни во Македонска Каменица вчера на пладне избил пожар во приватна куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници од полициското одделение во Македонска Каменица веднаш излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, а потоа со помош на скали безбедно го спуштиле, соопшти СВР Штип, каде пожарот бил пријавен во 13:23 часот.

„На сопственикот на куќата му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен“, соопшти СВР Штип.

Поврзани содржини