ПОЛИЦАЈЦИ ПУКАЛЕ ВО ВОЗДУХ, ДРАМА НА ГРАНИЦАТА СО АЛБАНИЈА Двајца криумчареле добиток, едно лице уапсено
На издадена наредба да застанат, лицата продолжиле со движење, па полициските службеници испукале 3 предупредувачки куршуми во воздух, по што лицата излегле од возилото и се дале во бегство, соопшти полицијата.
Полицијата вчера испукала предупредуачки куршуми на граничниот премин Блато, откако две лица со товарно возило одбиле да застанат за проверка.
„На 5.9.2025 година во 5.20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато го лишиле од слобода К.Б.(34) од Дебар, кој на патот од Дебар кон Албанија, заедно со уште едно лице, во товарно возило превезувале добиток. На издадена наредба да застанат, лицата продолжиле со движење, па полициските службеници испукале 3 предупредувачки куршуми во воздух, по што лицата излегле од возилото и се дале во бегство“, соопшти полицијата.
По преземени мерки, К.Б. е лишен од слобода и во службениот разговор изјавил дека нема никаква документација за добитокот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицицијата.