Полицајци пронајдоа граната во стар каменолом во близина на Стар Дојран
За настанот била запознаена Дирекцијата за заштита и спасување, а гранатата ќе биде безбедно подигната.
Полицајци од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран вчера попладне пронашле една неексплодирана експлозивна направа – граната.
Според она што го соопштува полицијата, гранатата е пронајдена на местото викано „Каменолом“ – Сува Река, Стар Дојран.
За настанот била запознаена Дирекцијата за заштита и спасување, а гранатата ќе биде безбедно подигната.