За да се обезбеди поголема мобилност при извршување на теренските активности, општина Карпош и додели два мотоцикли на користење на подрачната Полициска станица – Карпош., информира Општината.
– Мотоциклите ќе се користат од полициските службеници за навремено и поефикасно извршување на работните задачи, особено во делот на зачувување на мирот и безбедноста на територија на Карпош. Локалната самоуправа честопати ја информира ПС Карпош за различни прекршоци и уништувања на јавните добра. Исто така, редовно се проследуваат и дописите и забелешките од граѓаните за нарушувања на јавниот ред и мир или за девијантно однесување на одредени локации – Велат од Општина Карпош.