Полицајци маршираат на грчките острови – строги правила за туристите
На островот Лос, кој е популарен остров меѓу младите туристи, вчера биле испратени 30 полицајци со поддршка на службите за безбедност.
Полициски единици се распоредени на најпосетуваните туристички острови во Грција, со цел да спроведат ред помеѓу туристите и да го спречат ширењето на коронавирусот.
Грчките власти го зголемија присуството на полициски патроли на островите Миконос и Лос, поради големата загриженост за неуспехот на локалните претприемачи да ги почитуваат мерките кои се донесени за борба против пандемијата, објавува „Гардијан“.
Ланската година на Миконос биле присутни 56 полицајци за регулирање и запазување на донесените мерки, а годинава се присутни 186 полициски лица.
На островот Лос, кој е популарен остров помеѓу младите туристи, вчера биле испратени 30 полицајци со поддршка на службите за безбедност.
– Иако хотелите и просториите од семеен тип внимателно ги применуваат протоколите, во кафулињата има повеќе луѓе отколку што би требало, па затоа се обидуваме да ја одржиме рамнотежата – вели грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис.