Полицајци извлекле шест завеани кавадарчани во прилепско

421

Полицајци од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица извлекоа шест лица од прилепското село Вепрчани, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од 13.02.2021. Лицата биле на возраст од 24 и 25 години од Кавадарци и во село Вепрчани отишле на 13.02.2021, информира МВР.

– Сите биле затекнати во добра здравствена состојба. Со возила на граничната полиција и на противпожарната единица тие биле однесени во Прилеп од каде заминале во своите домови во Кавадарци – велат од МВР.

Поврзани содржини