Полицајци брутално тепаат човек на улица, МВР ги пронајде учесниците (ВИДЕО)
Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница - се вели во реакцијата на социјалните мрежи.
На социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ се појави видео во кое се гледа како полициски службеници брутално тепаат човек на улица, а веднаш реагираше и МВР со идентификација на сторителите.
– РОМИТЕ НЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите. ДО КОГА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ЖРТВИ НА СИСТЕМОТ! ВРЕМЕ E РОМИТЕ ДА ГО КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС!“, се вели во еден од Фејсбук статусите.
Како се шутира во Шутка ? pic.twitter.com/PWVO1SfTIi
— Демир (@Trollowsky) September 24, 2020
Од МВР информираа дека ги идентификувале полицајците кои тепаат момче, настан од кој беше објавено видео на социјлните мрежи.
– Во врска со видео материјалот што денеска (24.09.) беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана – велат од МВР.