🎥 ПОЛИЦАЈЦИ БРКАЛЕ СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ, ПА СИТЕ ЗАВРШИЛЕ ВО НАДОЈДЕНАТА ЈАЛА Драма во Тузла, двајца полицајци се спасени, по 2 лица се трага

Полицајци во Тузла денеска бркале сомнително лице кое влегло во надојдената река Јала, поради што постоела опасност да се удави, па и полицајците влегле по него во водата, соопшти полицијата на тузланскиот кантон.

1,174

Во центарот на Тузла, во Босна и Херцеговина денеска се случуваше голема драма, откако двајца полицајци упаднаа во надојдената река Јала, бркајќи сомнително лице.

Полицијата објави официјално соопштение.






„На 27.3.2025 година, околу 10.30 часот во Тузла, полициски службеници забележале возило кое со своето движење ги загрозувало другите учесници во сообраќајот и се обиделе да го сопрат. Во возилото имало две лица со сомнително однесување кои се оглушиле на наредбата да сопрат и продолжиле да се движат, по што  полицајците тргнале по нив“, соопшти МВР на тузланскиот кантон.

Понатаму полицијата наведува дека едно лице го оставило возилото и продолжило да бега, па влегло во коритото на реката Јала.

„Но, поради нивото на водата и силната струја, лицето било изложено на опасност од давење, поради што полицајците влегле по него во коритото на реката. Но, надојдената вода почнала неконтролирано да ги носи. Со помош на граѓанин двајцата полицајци успеале да излезат од водата. Надојдената вода ги однела лицето кое бегало и уште еден полицаец и по нив сè уште се трага“, соопшти полицијата.

Во акцијата за пребарување се вклучени сите единици на Полициската управа, Противпожарната служба, Цивилната заштита и вооружените сили, се додава восоопштението.

 

Поврзани содржини