📽 ПОЛЕТАА АВИОНИТЕ НА АМЕРИКАН ЕРЛАЈНС Никој не кажува зошто авионите беа приземјени

Компанијата пријави технички проблем што можеше да влијае на целиот аеродромски систем и на милиони патници кои планираат да патуваат за време на божиќните празници.

464

Американската федерална управа за авијација ѝ одобри на компанијата Американ ерлајнс повторно да лета, откако претходно денеска сите нејзини авиони беа приземјени поради неодреден технички проблем.

Компанијата пријави технички проблем што можеше да влијае на целиот аеродромски систем и на милиони патници кои планираат да патуваат за време на божиќните празници.






Се очекува околу 40 милиони патници да ги користат услугите на оваа авио-компанија за време на божиќните и новогодишните празници.

Ниту надлежните органи, ниту авиокомпанијата не ја соопштуваат причината за приземјувањето на летовите или за каков дефект се работи.

Поврзани содржини