Полека се празнат болниците од ковид-пациенти
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 31 пациент, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 67 пациенти.
Вкупно 391 пациент се лекува на инфективните одделенија во земјава од коронавирус и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 151 лице се лекува на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало два приеми, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 7 приеми, 6 на Клиниката за инфективни болести.
Дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 31 пациент, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 67 пациенти.
Во болниците низ земјава, пак, се лекуваат вкупно 240 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, во Штип 28, во Тетово 5, во Велес 29, во Куманово 43, во Охрид 29, во Прилеп 15, во Струга 19, во Струмица 14, во Гостивар, Кочани, Кичево и во Кавадарци по 7, во Гевгелија 4.