ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРОНАЈДЕ ОДГОВОРНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ КАЈ РАСАДНИК Три деца го подметнале огнот, две нема да одговараат оти се под 14 години!

Децата фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина од околу три хектари, соопшти СВР Скопје

295

Три деца го запалиле  големиот пожар во Расадник во Скопје пред три дена, а полицијата поднесе кривична пријава само против едно, затоа што две од нив се помали од 14 години и според законите не подлежат на кривична одговорност.

„На 6.9.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот закон. Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 3.9.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина од околу три хектари. Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери“ соопшти СВР Скопје.

 

Поврзани содржини