ПОЛА СКОПЈЕ СЕ ЕВАКУИРА По Железничка и неколку школи, дојава за бомба и во Ист Гејт Мол

Ова е првпат закана да биде испратена во шопинг центар, откако досега имаше по училиштата, а вчера беше испратена закана и до Народната Банка.

571

Познатиот шопинг центар Ист Гејт Мол во Скопје примил дојава за бомба, по што реагираше полицијата и го евакуираше целиот тровски центар и сите вработени, додека траат проверките.

Ова е првпат закана да биде испратена во шопинг центар, откако досега имаше по училиштата, а вчера беше испратена закана и до Народната банка.






Инаку и утрово имало закани за бомби во неколку средни училишта, по што МВР и антитерористичка екипа се на терен и ги проверуваат овие закани.

Утрово дојава за бомба ја испразни Железничката станица во Скопје, при што веднаш на терен пристигнале екипи на МВР.

Според информациите до кои дојде Плусинфо, пријавата за поставена експлозивна направа не е преку електронската адреса, туку командирот на полицијата ги известил директорите во МЖ-Транспорт да ја евакуираат зградата.

Поврзани содржини