ПОЛА ШОЛЈА ГРАВ ЕДНАКВО НА 300 ГРАМА МЕСО Најсекојдневната намирница е една од најздравите за сите, особено за вегетаријанците

Некои податоци велат дека црниот грав (и воопшто гравот) може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 82 проценти. Гравот, како и другите мешунки, е омилено јадење на вегетаријанците и веганите бидејќи го надоместуваат недостатокот на протеини во исхраната

202

Во категоријата суперхрана, односно намирници кои имаат особено благотворно влијание врз здравјето, спаѓаат најразновидни и егзотични намирници, но и едноставни, секојдневни и толку вообичаени во исхраната.

Една од нив е гравот. Полн е со влакна кои го штитат срцето. Тој е исто така богат со протеини – според Американското здружение за дијабетес, половина шолја грав има иста количина на протеини како и 300 грама месо. Покрај протеините и сложените јаглехидрати, гравот содржи и важни витамини и минерали како фолна киселина, манган, калиум, железо, фосфор, бакар и магнезиум.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини