ЛУЃЕТО ОД ДАМНИНА САКАЛЕ ДА ВКРСТУВААТ ЖИВОТНИ Пред 4.500 години измешале магаре со дива мазга

Хибридот, или новиот мешанец бил наречен „кунга“. Кунгите се јавуваат во уметнички дела и се спомнувани во пишани глинени плочи, многу пред да се пишува за коњите. Всушност, во антиката луѓето често експериментирале и мешале разни животни.

469

Пола магаре, а пола дива мазга, или „wild ass“ е најстарото мешано животно кое го одгледувале луѓето, а дестици скелети кои датираат од бронзеното време во денешна Сирија, а некогашна Месопотамија сега го потврдуваат тоа. Коските стари 4.500 години беа ископани од гробниот комплекс во Ум ел-Мара на северот од земјата, пишува ИФЛ Наука.

Дивата мазга, наречена хемипе, е од азиски тип, а ја пареле со обично магаре бидејќи во тоа време во Месопотамија немало коњи. Тие се појавиле 500 години подоцна. Дека телата на коњ се разликуваат со некогашните магариња потврдува и споредбата на новооткриените со коски со оние на десетици коњи кои во истиот археолошки комплекс беа пронајдени пред дваесетина години.






Хибридот, или новиот мешанец бил наречен „кунга“. Кунгите се јавуваат во уметнички дела и се спомнувани во пишани глинени плочи, многу пред да се пишува за коњите.

– Тие беа многу ценети, многу скапи – вели палеогенетичарката Ева-Марија Гејгл од институтот Жак Моно во Париз.

Гејгл и нејзините колеги ги анализирале гените на кунгата и го споредиле со геномот на коњите, магарињата и азиските диви магариња, вклучувајќи го и хемипето (Equus hemionus hemippus), кое се води за изумрено од 1929 година. Мајката на кунгата била магаре а неговиот татко хемипе, што го прави најстариот доказ дека луѓето создале хибридни животни.

Следно најстаро животно мешанец по сириска кунга, е мазга од 1000 година п.н.е. пронајдена пред две години во Анадолија во Турција, а ја пронашле истите истражувачи.

Гејгл мисли дека кунгите биле создадени за војување, бидејќи можат да влечат тешки кочии и предмети, нешто што магарето само по себе, или дивото хемипе не можеле да го направат. А, најинтересно од сè е што според палеогенетичарот Енрју Бенет, коавтор на студијата, кунгите се „биоинженерски воени машини“ кои е „невозможно да се повторно да се добијат“.

Зошто? Нивната загатка завршува во 1929 со смртта на последното диво магаре хемипе, а дури сега, во 2022 година дознаваме како тие биле „правени“.

Поврзани содржини