ПОЛА АВТОБУС СО ФАЛСИФИКУВАНИ ПЦР ТЕСТОВИ Струмичанец за 1.000 денари стокмил 19 патници за Германија
По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Кумановските полицајци при извршена контрола на автобус на туристичка агенција кој патувал на релација од Македонија кон С.Р.Германија откри 19 фалсификувани ПЦР тестови од вкупно 50 патници кои се превезувале.
По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест. По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Овој криминал го откри Одделението за криминалистичка полиција- отсек за економски криминалитет.