Полјаците повторно на протест против Законот за абортус

Таа го најави и денешниот 12. протест, кој вклучува улични барикади и маршеви и покрај забраната за јавни собири поради ковид-19.

186

Клементина Сучанова, лидерката организацијата за заштита на правата „Штрајк на жените“ денеска изјави дека одлука на Уставниот суд за абортусот мора да биде повлечена.

Таа го најави и денешниот 12. протест, кој вклучува улични барикади и маршеви и покрај забраната за јавни собири поради ковид-19.






Стотици илјади луѓе секојдневно протестираат од 22 октомври, кога полскиот Уставен суд забрани аборус во случај ако фетусот има вродени оштетувања, со што дополнително се заостри еден од најрестриктивните закони за аборутс во Европа.

Со одлука на судот, абортус во Полска е дозволен само ако е загрозено здравјето на мајката или бременоста е резултат на кривично дела, како силување или инцест.

Поврзани содржини