Покрај Земјата ќе помине астероид голем како Голден Гејт
Астероидот ќе помине на два милиони километри од земјата на 21 март во 17.02, на ден по доаѓањето на пролетта. Растојанието од 2 милони километри според класификацијата на НАСА се смета за потенцијално опасна во базата на податоци за астероидите, кои мора да бидат поголеми од 150 метри во пречникот.
Астероид голем како познатиот мост во Сан Франциско, Голден Гејт ќе помине близу Земјата на вториот ден од пролетта и воедно ќе биде најголемиот и најбрз астероид кој ќе помине толку близу до планетата во 2021 година.
Астероидот, кој НАСА го означи 231937 9 (познат и како 2001 ФО32) широк е помеѓу 400 и 700 метри, а околу Сонцето обиколува за 810 дена, пренесува сајтот CBS njuza. .
Ова небесно тело е помало во однос на претходното на кое НАСА му посвети внимание и ќе помине три пати поблиску во однос на претходниот астероид, соопшти НАСА.
Астероидот ќе помине на два милиони километри од земјата на 21 март во 17.02, на ден по доаѓањето на пролетта. Растојанието од 2 милони километри според класификацијата на НАСА се смета за потенцијално опасна во базата на податоци за астероидите, кои мора да бидат поголеми од 150 метри во пречникот.
Брзината на 2001ФО32 е 77.000 милји на час 9 Близу 124.000 километри на час), односно 34 километри во секунда, што е еден од најбрзите вселенски објекти кои коега и да е поминале покрај Земјата.