ПОКРАЈ РУСКОТО, ПРОБЛЕМ ВО УКРАИНА ИМА И УНГАРСКОТО МАЛЦИНСТВО Нема поддршка за Киев додека не се вратат правата на Унгарците, порача Орбан

Унгарија е во спор со Украина поради, како што вели Орбан, ограничувањето на правата на околу 150.000 етнички Унгарци, првенствено да го користат мајчиниот јазик во образовниот систем, откако Украина во 2017 година усвои закон за ограничување на употребата на јазиците на малцинствата во училиштата.

719

Унгарија нема да ја поддржи Украина за ниту едно прашање во меѓународните односи додека Украина не ги врати некогашните права на етничките Унгарци на својата територија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред унгарскиот парламент.

Унгарија е во спор со Украина поради, како што вели Орбан, ограничувањето на правата на околу 150.000 етнички Унгарци, првенствено да го користат мајчиниот јазик во образовниот систем, откако Украина во 2017 година усвои закон за ограничување на употребата на јазиците на малцинствата во училиштата.

Поврзани содржини