„ПОКРАЈ РУПЕРТ МАРДОК ИЗГЛЕДАМ КАКО ХАРИ СТАЈЛС“ Бајден се пошегува со себе на средба со новинари
Американскиот претседател традиционално прави пријателски шеги пред новинарите на вечерата на дописниците во Белата куќа.
Американскиот претседател Џо Бајден (80), кој најави кандидатура за уште еден претседателски мандат, се пошегува со годините за време на средба со новинари.
Бајден изјави дека покрај 92-годишниот медиумски магнат Руперт Мардок, личи на пејачот Хари Стајлс (29).
На годишната вечера со новинарите, Бајден се пошегува и дека е пријател на еден од основачите на САД, Џејмс Медисон (роден 1751 година).
Американскиот претседател традиционално прави пријателски шеги пред новинарите на вечерата на дописниците во Белата куќа.