Ѝ покрај пандемијата, „кралевите“ пријавија рекордни приходи

Клубовите забележаа голем пад на приходите најмногу од билети и ТВ права, но истражувањето покажува дека некои клубови добиле подобри спонзорски договори.

201

Шпанскиот гигант Реал Мадрид регистрира рекордни приходи за Европа од 681.2 милиони евра за сезоната 2019/20, иако сумата е 8% помала од минатогодишната, пренесуваат шпанските медиуми.

Приходите на Реал за време на пандемијата од ковид-19 се најголеми во споредба со останатите европски клубови во 5-те најдобри лиги.






Баерн Минхен објави приход од 607.2 милиони евра, а на трето место е Ливерул со 557 милиони. Потоа следуваат ПСЖ (540.6 милиони) и Јувентус (401.4).

Клубовите забележаа голем пад на приходите најмногу од билети и ТВ права, но истражувањето покажува дека некои клубови добиле подобри спонзорски договори. Ливерпул со новите договори има 14% повеќе приходи од минатата сезона, а после него следува Баерн со 4%.

Поврзани содржини