Покрај ковид-19 во Конго активна и ебола

Зафатена е голема географска област, која вклучува дел од реката Конго и во неа луѓето минуваат долги растојанија и заедниците се многу поврзани.

340

Еболата се шири во западниот дел на Демократска Република Конго со речиси 50 познати случаи низ целиот регион долж границата со Република Конго и Централноафриканската Република, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

–  Во екот на пандемијата на коронавирусот важно е да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат – вели извршниот директор за операции на СЗО, Мајк Рајан.






Откако властите на 1 јуни ја прогласија епидемијата досега се потврдени 48 случаи во провинцијата Екватор, уште три се суспектни, а вкупно се умрени 20 лица – изјави Рајан.

–  Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме големи причини за загриженост, им изјави Рајан на новинарите, пренесува Хина.

Станува збор за голема географска област, која вклучува дел од реката Конго и во неа луѓето минуваат долги растојанија и заедниците се многу поврзани.

– Сите ги предупредувам дека сега, кога бројките се се уште мали, во екот на Ковид-19, многу е важно да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат –  рече Рајан.

Тој потсети на одделните жаришта во провинциите Северна Киву и Итури, во источно Конго, каде во мај што беше прогласен крајот на епидемијата на ебола. Во овие области досега се потврдени 3.463 случаи, а веројатно за две години починале 2.277 лица.

Поврзани содржини