Покрај ковид-19 повеќе од 12.500 руски војници се подготвуваат за Парадата на победата (ВИДЕО)

Освен во Москва, воени паради ќе се одржат и во други 27 градови во Русија. Ќе учествуваат повеќе од 47.000 луѓе, околу 1.600 вооружени единици и повеќе од 200 авиони - рече Шојгу.

522

Повеќе од 12.500 луѓе ќе учествуваат на воената парада, што ќе се одржи на Црвениот плоштад во Москва во рамките на 76-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

– На Парадата на победата во Москва на 9 мај, планирано е ангажирање на повеќе од 12.500 лица, повеќе од 190 воорушени единици и воена опрема и 76 авиони – рече Шојгу на седницата на бордот на руското Министерство за одбрана.






 

Според министерот, механизираниот конвој вклучува 35 нови и модернизирани примероци на воена опрема.

Тој спомена дека, благодарение на преземените навремени мерки, било спречено ширење на вирусот ковид-19 меѓу војниците кои учествувале на церемонијата.

– Ова беше во голема мера олеснето со почитување на условот само оние кои биле вакцинирани и имаат антитела против ковид-19 да можат да учествуваат во подготовката – рече рускиот министер.

Подготовките за Парадата на победата на Црвениот плоштад, како дел од 76-годишнината од победата во Втората светска војна, според министерот, се „во полн ек“.

 

Свечените манифестации ќе се одржат во 377 градови и населени места, а воените паради ќе бидат организирани во 28 руски градови, рече министерот за одбрана.

– Освен во Москва, воени паради ќе се одржат и во други 27 градови во Русија. Ќе учествуваат повеќе од 47.000 луѓе, околу 1.600 вооружени единици и повеќе од 200 авиони – рече Шојгу.

Поврзани содржини