ПОКРАЈ ДУИ, И СДСМ МУ ДОЗВОЛИ НА ГРУБИ ДА ЈА ПЉАЧКА МАКЕДОНИЈА Венко Филипче треба да побара одговорност од Зоран Заев и од Димитар Ковачевски

Партијата ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува партијата СДСМ дека свесно му дозволила на поранешниот функционер на ДУИ, Артан Груби, да врши криминал.

485

„Креатор на Артан Груби, покрај ДУИ, е и СДСМ. Тие, заедно со ДУИ, го создадоа Артан Груби. Му дозволија (сѐ што правеше) и го толерираа за сето она што тој го правеше. СДСМ го толерираше Груби и кога ги потценуваше и ги навредуваше граѓаните и кога ги понижуваше и ги деградираше институциите кога ноншалантно по канцеларии играше фудбал или, пак, кошарка“.

Ова се наведува во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ.






„СДСМ го толерираше и му дозволи на Груби да ја ограбува државата, почнувајќи од Лотарија, па сѐ до министерството коешто тој го водеше. Иако знаеше што прави Груби, СДСМ свесно му го дозволи тоа. СДСМ тоа, единствено, го правеше поради желбата да остане на власт што подолго. За криминалот на Груби, виновен е и СДСМ“, се потенцира во соопштението на партијата.

За време на власта на СДСМ, се додава во соопштението, Груби слободно и без никаков проблем си крадеше и ја ограбуваше државата, а за тоа не само што немаше кривичен прогон или, пак, постапка, немаше дури ни усна опомена или, пак, дистанцирање.

„СДСМ и сега во опозиција молчи за Груби и не се дистанцира од него. Не го повикува да се врати во државата за да се соочи со правдата. СДСМ и Венко Филипче, ако се барем малку доблесни, треба да признаат пред македонската јавност дека тие го создадоа Груби и за тоа јавно да се извинат. А истовремено да ги повикаат на одговорност и претходниците на Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Затоа што, да не беше нивната желба за подолго останување на власт, Артан Груби немаше да и се случи на Македонија“, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини
na