ПОКРАЈ ДОЖДОТ 500 ВОЗРАСНИ И 100 ДЕЦА ТРЧАА ЗА РАЦИН Трката е дел од 60. Рацинови средби во Велес

Дарио Ивановски победи во силна конкуренција на 10 километри кај мажите, со време 31,46 минути, а кај жените прва беше Билјана Кираџиева со време 40,07 минути.

208

Дождот и лизгавите улици полни со вирови не ги спречи околу стотина деца и околу 500 возрасни од Велес и повеќе македонски градови како и од Врање од Србија и еден учесник од Италија, успешно да ја поминат целта на втората атлетска трка „Трчаме за Рацин“, која се одржа синоќа низ велешките главни улици.

Стартот и целта беа кај споменикот на Кочо Рацин кај велешката Гимназија која го носи неговото име. Се трчаше на 5 и 10 километри, а најмладите на 400 метри.






Дарио Ивановски победи во силна конкуренција на 10 километри кај мажите, со време 31,46 минути, а кај жените прва беше Билјана Кираџиева со време 40,07 минути.

На 5 километри победник е Грегоријан Ничовски со време 17,26 минути, а кај жените Теа Божиновска со време 20,13.

Инаку трката е дел од програмата на годинашните јубилејни 60. Рацинови средби во Велес.

Поврзани содржини