ПОКАЖИ ЛИЧНА КАРТА, ПА КУПИ АЛКОХОЛ И ЦИГАРИ Грција воведува нови правила за продажба на алкохол

Доколку законот биде усвоен во предложената форма, Грција би станала една од ретките земји во светот со толку строги прописи, кои бараат идентификација на сите купувачи на алкохол и тутунски производи, без оглед на нивната возраст.

597

Во Грција од ова лето или есен при купување на алкохол и тутун ќе треба да се покаже лична карта или пасош.

Грчкото Министерство за здравство предложи нова законска регулатива со која сите возрасни лица мора да покажат лична карта при купување алкохол и цигари, вклучувајќи вејпови и производи од канабис, објави Екатимерини.






Нацрт законот е во фаза на јавна дискусија, која трае до 16 јуни 2025 година.

Прекршителите се соочуваат со казни до 10.000 евра и можно затворање на бизнисот.

На малолетниците, според предлогот, ќе им биде забрането да влегуваат или да работат во барови и клубови, со исклучоци само за приватни настани под строги услови.

Предлог-законот, исто така, воведува дигитален регистар за продавачи и создава специјализирана единица во рамките на националната здравствена агенција за следење на циркулацијата на производите.

Туристите мора да имаат лична карта или пасош, при купување на овие производи а дигиталните копии од документите на мобилен телефон честопати не се доволни, туку е потребен оригиналот.

Иако оваа мерка изгледа прекумерна, таа е дел од пошироките напори на земјата за ограничување на достапноста на алкохол кај младите, како и за заштита на јавното здравје.

Сепак, точниот датум кога законот би можел да стапи на сила зависи од брзината на законодавниот процес и евентуалните измени што може да се воведат за време на дебатата во парламентот.

Доколку законот биде усвоен во предложената форма, Грција би станала една од ретките земји во светот со толку строги прописи, кои бараат идентификација на сите купувачи на алкохол и тутунски производи, без оглед на нивната возраст.

Поврзани содржини