ПОКАЖАВМЕ ДЕКА СМЕ СЕРИОЗНА ЗЕМЈА Брнабиќ вели дека 5.200 полицајци одлично си ја зaвршиле работата
Покажавме дека сме сериозна земја, која го одржува редот, која верува во своите институции, но и ги почитува правата на сите граѓани. Се справивме со сѐ што се случи на најдобар можен начин. Завршивме со оваа тема и ставаме крај. Се враќаме на поголеми теми, рече Брнабиќ.
Српската премиерка Ана Брнабиќ на вонредна прес-конференција, зборуваше за денешниот Европрајд во Белград, кој го одбележаа десничарското насилство и нападите врз полицијата.
– Немаше голем број инциденти и голем број луѓе кои направија инциденти, тие беа сузбиени во најкус можен рок. Сакам да ги информирам сите наши граѓани дека на улиците на Белград беа ангажирани околу 5.200 полицајци. Имавме два конфликти, едниот беше со групи на Славија и конфликтот со групи во паркот Караѓорѓе. Во двата случаи полицијата реагираше навремено и го реши проблемот – рече Брнабиќ.
– Покажавме дека сме сериозна земја, која го одржува редот, која верува во своите институции, но и ги почитува правата на сите граѓани. Се справивме со сѐ што се случи на најдобар можен начин. Завршивме со оваа тема и ставаме крај. Се враќаме на поголеми теми – рече Брнабиќ.
– За жал, имаме 10 полицајци кои се полесно повредени – рече Брнабиќ и додаде дека се оштетени пет интервентни полициски возила и дека се приведени вкупно 64 лица.
– Полицијата брилијантно си ја заврши работата, горда сум на фактот што во ниту еден момент не се посомневавме дека може да има пошироки инциденти. Во ниту еден момент немаше криза од пошироки размери – изјави српската премиерка.