ПОКАЖАВМЕ ДЕКА СМЕ ПОДГОТВЕНИ Конте по победата над Фиорентина

Наполи синоќа победи во Фиренца со 3:1.

120

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, е задоволен од играта на неговиот тим во натпреварот од 3. коло од италијанското првенство со Фиорентина.

Наполи синоќа победи во Фиренца со 3:1.






– Покажавме дека сме подготвени. Од самиот почеток имавме правилен став, доминиравме во натпреварот. Момците знаат каде треба да се подобрат, што ми се допадна, а што не. Примивме гол, а потоа почнавме да се нервираме. Кога играш толку добро, треба да го затвориш натпреварот и да не дозволиш неизвесност – изјави Конте за „Фудбал Италија“.

Тренерот го оцени и дебитантскиот натпревар на напаѓачот Расмус Хојлунд, кој постигна гол.

– Хојлунд има само 22 години, го зедовме од Манчестер јунајтед. Ги знаевме неговите квалитети, има огромен потенцијал и може да се подобри. Јасно е дека станува збор за фудбалер со големи перспективи – додаде Конте.

Наполи е лидер на табелата во Серија А со 9 бода. Тимот ќе го игра својот следен натпревар во италијанското првенство на 22 септември против Пиза.

Поврзани содржини