ПОКАЖАВМЕ ДЕКА СКОПЈЕ МОЖЕ ДА ОДИ НАПРЕД Наследивме целосен копалс на градот без преседан
Како тим добивме нешто посилно од се, а тоа е довербата од Скопјани. Си дадов збор дека таа доверба никогаш нема да ја изневерам и дека ќе работиме често и одговорно докрај – рече Ѓорѓиевски вечерва во Македонската филхармонија.
На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“, пренесува МИА.
– Стојам пред вас пред се како човек кој ја презеде најтешката работа – Скопје да се извлече од хаосот и долговите коишто биле наталожувани од расипничкото владеење. Наследивме урнат град, институции без ред и дисциплина, систем што одамна престанал да работи. Влеговме директно во срцето на проблемот на градот, во секоја девастирана пора што ни ја оставија. Затекнавме град претворен во депонија, расипани машини, автобуси затворени во гаражите и сето тоа збогатено со долг од речиси 300 милиони евра. Целосен колапс без преседан. Но, како тим добивме нешто посилно од се, а тоа е довербата од Скопјани. Си дадов збор дека таа доверба никогаш нема да ја изневерам и дека ќе работиме често и одговорно докрај – рече Ѓорѓиевски вечерва во Македонската филхармонија.
Во следниот период најави кружни текови кон центар и пуштање на првата подземна сообраќајница, изградба на монтажни гаражи од кои првите ќе се градат во кругот на Клиничкиот центар, решавање на проблемот со уличните кучиња, проширување на капацитетите на Лајка, изградба на зелени површини, соодветен третман на депониите како и реализација на други проекти.
Во првите 100 дена од неговиот мандат посочи дека се одблокирани неколку клучни инфраструктурни проекти како што се изградбата на клучката кај Момин Поток, подземната сообраќајница кај Старата железничка станица, проектот за брз автобуски превоз, изградбата на улицата Љубљанска…
Најави изградба на монтажни бараки од кои првите ќе бидат изградени во кругот на Клиничкиот центар, пуштање во употреба на Градскиот воз, кој според Ѓорѓиевски, претставува современа и еколошка алтернатива за движење низ градот, како и нови зелени површини, решавање на пробемот со уличните кучиња, изградба на Луна паркот, а Скопската Зоолошка градина ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните.
За загадувањето на воздухот, рече дека е проблем којшто не може да се реши преку ноќ, но дека обврска на градот е да делува. Посочи дека во изминатиот период спроведени се инспекциски контроли на индустриските капацитети, а се работи и на решавање на сообраќајот, изградба на зелени коридори и третман на депониите.
Порача дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, нагласувајќи дека процесот бил блокиран и дека по опсежни преговори во Брисел е одблокиран.
– Заедно почнуваме нов пат, да го трансформираме нашето сакано Скопје во вистинско светло и да ги славиме уметноста, музиката, културното наследство, литературата и танцот на својот препознатлив начин, преку мултикултурализам. Во годината 2028 Скопје конечно ќе стане јасно присутно на европската и на светската културна мапа, подвлече Ѓорѓиевски.
Ветувајќи дека Градот ќе остане транспарентен и отворен и за медиумите и за граѓаните, Ѓорѓиевски потсети дека годинава бил отворен процесот на планирање на буџетот за 2026 година.
– Вашите потреби, ставови и идеи станаа основа врз која го изградивме и го донесовме Буџетот на Град Скопје за 2026 година. Тоа е уште еден доказ за транспарентниот начин на кој ќе работи оваа локална самоуправа и потврда за нашата искрена желба за соработка со сите. Благодарение на чекорите кои ги преземавме за консолидација на Град Скопје веднаш по стапувањето на функција успеавме да ги зголемиме приходите на градот и затоа Буџетот на Град Скопје за 2026 година изнесува 8,8 милијарди денари, што е за 10,8 проценти поголем од Буџетот за 2025 година, додека Основниот Буџет на градот изнесува 5,2 милијарди денари и е за 12 проценти поголем споредбено со тој од 2025 година. Капиталните инвестиции во Основниот Буџет за 2026 година се за 33,4 проценти поголеми споредбено со 2025 година, а рекордно најмногу средства се издвојуваат во областа на образованието, културата, спортот, социјалната заштита, противпожарната заштита и заштитата на животната средина, рече Ѓорѓиевски.