Покажа куп целулит и стомак па доби навреди: Славната пејачка храбро го истакна телото ФОТО

1,787

Познатата пејачка Камила Кабељо (24) уживала со своето момче Шон Мендес на плажа во Мајами, а папараците не ја пропуштиле можноста да ги „уловат“ во костими за капење.

Атрактивната Камила храбро прошетала на плажата во бикини, а фактот дека добила неколку килограми вишок и целулит во карантинот, не ја спречил да го сака своето тело и да има самодоверба. Камила во минатото веќе зборуваше за притисокот за тоа да се вклопи во сликата на современиот идеал за убавина.






Таа е една од ретките девојки и жени кои се природни и самоуверено уживаат во своето тело.

Image

Пејачка со кубанско потекло едноставно не е оптоварена со несовршености.

Овие нејзини фотографии во бикини станаа вирални – а еден дел од публиката на Интернет беше доста немилосрден и Камила ја опсипаа со негативни коментари на сметка на нејзината фигура.

Но, од друга страна, тука беше и цела војска од оние не дозволуваат жените да се третираат на тој начин.

„Ја обожавам Камила. Не ја интересира вашето мислење за нејзиното тело. Таа се чувствува добро и изгледа добро. Тоа е моќ“, „Ова е убаво, нормално женско тело. Ова е нормално, девојки. Следете вакви примери, не нереални и површни идеи“, „Нема операции како Кардашијанките. Таа е сосема природна и толку секси“,  „Никогаш нема да престанам да зборувам за тоа колку е секси“, се само некои од бројните комплименти.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

ФОТО: Твитер/Инстаграм

Поврзани содржини