Покана од Хрватска до Ериксен, му нудат генетско тестирање во Загреб

Хрватите сакаат да испитаат дали постои генетска подлога за срцевиот застој.

377

Кристијан Ериксен добил понуда од хрватската Специјална болница „Света Катарина“, чиј претседател е на Управниот одбор и претседател на Здравствената комисија на Хрватскиот фудбалски сојуз е професор др, Драган Приморац.

Како што пренесува „Вечерњи лист“, со честитки за пласманот во осминафиналето на Европското првенство, на адреса на ФС Данска стасала понуда Ериксен во таа хрватска болница да направи сеопфатно генетско тестирање.






Хрватите сакаат да испитаат дали постои генетска подлога за срцевиот застој.

Неодамна на хрватската спортска јавност во соработка со Хрватскиот фудбалски сојуз, Специјалната болница Св. Катарина и американската корпорација Инитае, е претставен проект „Развој на целосен модел на превенција на ненадејна смрт од срце: Анализа на 294-от ген и пропратните мутации поврзани со состојби кои може да доведат до ненадејна срцева смрт кај спортистите“.

Проектот е почнат во 2019 година со цел превенција од ненадејна срцева смрт, кој со целосен кардиолошки преглед (12 канален ЕКГ, ултразвук на срце, ергометрија и 24-часовен холтер) опфаќа најсеопфатна анализа на генот поврзан со состојбите кои може да доведат до ненадеен срцев удар со смртен исход.

Поврзани содржини