ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ ИЗГЛАСА ПРЕД ИЗБОРИТЕ Владата ќе го испрати предлогот во Собрание

Денеска на седница на Владата би требало предлог законското решение да помине и веднаш потоа да биде испратено до Парламентот.

1,142

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата денеска ќе разгледа предлог-закон за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.

– Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата. Tој процент што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии – изјави Мицкоски.






Тој додаде дека очекува Собранието да го изгласа законот пред распишувањето на локалните избори.

– Денеска на седница на Владата би требало предлог законското решение да помине и веднаш потоа да биде испратено до Парламентот. Очекувам Парламентот пред распишување на локалните избори тоа да го изгласа позитивно – рече премиерот Мицкоски.

Во однос на мерките за справување со цените, премиерот најави дека Владата наскоро ќе излезе со конкретни мерки за заштита на граѓаните.

– Ние сме сите на иста страна, и граѓаните и Владата, и многу скоро ќе излеземе со мерки кои што ќе значат заштита на интересите на граѓаните – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини