ПОИНАКОВ БОЖИЌ  ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО Традицијата се менува поради Камила

Покрај постариот син на Чарлс, принцот Вилијам и неговото семејство, на иста божиќна трпеза конечно ќе седнат и децата на Камила, кои наводно одлично се согласуваат со остатокот од кралското семејство.

531

Британското кралско семејство годинава ќе има поинаква прослава на Божиќ во однос на претходните традиционлани прослави. Промените во традиицијата се поради кралицата Камила.
Иако Чарлс се ожени со Камила во 2005 година и оттогаш таа официјално е дел од семејството, нејзините деца никогаш не добија покана да го поминат Божиќ со новото семејство на нивната мајка.
Меѓутоа, работите сега се менуваат и кралицата ќе го прослави овој Божиќ со синот и ќерката кои ќе им се придружат на остатокот од кралското семејство.
Како што пренесува Dailymail, овогодинешниот список на гости е радикално променет и сега го вклучува и семејството на актуелната кралица.
Покрај постариот син на Чарлс, Вилијам и неговото семејство, на иста божиќна трпеза конечно ќе седнат и децата на Камила, кои наводно одлично се согласуваат со остатокот од кралското семејство. Дополнително, внуците на Чарлс и внуците на Камила се приближно на иста возраст, така што и тие ќе можат да се поврзуваат.

Синот на Камила, Том Паркер Боулс има две деца, 16-годишната Лола и 13-годишниот Фреди, а Лаура Лопес има 15-годишна ќерка Елиза и 13-годишните близнаци Гас и Луис. Сепак, не е познато дали внуците на Камила ќе седнат на главната маса или ќе им се придружат на младите принцови и принцези на „детската маса“.






Како што веќе е утврдено, семејството претпочита да ги помине празниците во Норфолк и ќе го прослави Божиќ во селска куќа во Сандрингем. Таа е една од кралските резиденции на Чарлс Трети. Уредени градини, паркови и шуми на кралската резиденција во Сандрингем се во Националниот регистар на историски паркови и градини.

Кралското божиќно мени вклучува мисирка со различни полнења и прилог од печени компири, пире од компири, пашканат и бриселско зелје. Вообичаено е после ручекот да се јаде пудинг за десерт.

Поврзани содржини