Похувано свинско е поштетно од вакцината АстраЗенека

Ги молам граѓаните да не ги дискриминираат вакцините, а особено не Џонсон и Џонсон. Кога во рака ќе ги земете клучевите од автомобилот вие сте во поголем ризик дека смртно ќе настрадате отколку ако примите вакцина на АстраЗенека – вели директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Цапак.

397

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Цапак пластично говореше за опасноста од вакцината АстраЗенека.

Тој истакнал дека поголема опасност се заканува од похувано свинско.






Тој на прес конференција рече дека вакцината на АстраЗенека е одобрена од Европската агенција за лекови, со многу внимателна контрола на документацијата и дека тоа што кај мал број вакцинирани се појавиле нуспојави не дава за право да се каже дека другите вакцини се подобри.

– Ги молам граѓаните да не ги дискриминираат вакцините, а особено не Џонсон и Џонсон. Кога во рака ќе ги земете клучевите од автомобилот вие сте во поголем ризик дека смртно ќе настрадате отколку ако примите вакцина на АстраЗенека – вели Цапак.

Тој навел дека поголема опасност е да се почине кога се вози велосипед или кога се јаде путер или похувано свинско.

– Сето тоа претставува многу поголем ризик отколку да се вакцинирате со Астразенека – вели Цапак.

Поврзани содржини