„Погрешно толкување на историјата“
Повикот од претставниците на земјите членки на ЕУ кои, несомнено, консултирале и сопствени историчари за балканските историски јазли, е повик да го ускладиме нашиот историски и политички наратив со европскиот и светскиот. Не со бугарскиот како што мислиме ние. На потег се нашите историчари.
Како и нашата политичка мисла од почетокот на деведесеттите, во голема њевоља е нашата историска мисла денес. Тогаш, во средбата со западната политичка мисла како кула од карти се сруши нашиот самоуправен бренд на социјализам правејќи ги безвредни делата напишани на тој наратив.
Дилемата пред мнозина професори кои не беа довонно стари за да прогласат крај на своите кариери ниту доволно млади за да почнат нови, беше драматична. Нивното натамошно поведение зависеше од карактерот на луѓето: некои свртија нов лист и почнаа да учат од почеток, други решија само цинично да го фатат тактот на маршот на новата демократска парада во науката.
Со слична драма се соочува македонската историска мисла денес. Од некни, притисокот врз неа не е само од Софија туку и од Брисел. Ставањето на двата договора, Преспанскиот со Грција и оној за Добрососедтсво и соработка со Бугарија во текст предложен од Германија, со назнака дека се работи за „два крупни чекори кои би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешно толкување на историјата“ најавува турбулентни времиња не само за политичарите туку и за нашите историчари.
Наспроти јазикот на дипломатите кој теши дека се работи за сите земји на Балканот, алузијата од Брисел е јасна: се работи за нас. Дури би можело да се заклучи дека Унијата ни порачува дека исто онака како што не бевме во право кога ги поставивме темелите на нашиот идентитет и култура во античка Македонија, која нивната научна мисла ја смета за дел од светот на Хелените, сега не сме во право кога ја негираме заедничката историја со Бугарија. Повикот од претставниците на земјите членки на ЕУ кои, несомнено, консултирале и сопствени историчари за балканските историски јазли, е повик да го ускладиме нашиот историски и политички наратив со европскиот и светскиот. Не со бугарскиот како што мислиме ние. На потег се нашите историчари.
Што се однесува до политичарите, додека некои се во дилема како конструктивно да се постават кон тешкиот предизвик за земјата, други веќе почнаа да играат на „националната карта“ со Гоце, онака како што ја играа со Александар и „името“. „Национална карта“ која не чинеше залудно потрошени триесет години од нашите животи во погрешна битка.