ПОГРЕШНА БИЛА ФОРМУЛАЦИЈАТА ЗА САНКЦИИ ЗА НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ Бурните реакции го „отрезнија“ Министерството за правда

922

Министерството за правда ја информира јавноста дека формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа.

„Министерството за правда целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање“, се наведува во соопштението.






Пред неколку дена министерството подготви промени на Законот на граѓанска одговорност граѓаните, во кои се наведува дека ќе има санкции и за негативно мислење, што предизвика бурни реакции од јавноста, но и од претставници на правната фела.

Дел од нив прашуваат дали се враќа социјалистичкиот правен деликт.

Поврзани содржини