ПОГРЕБАНИ СЕ ЧЕТВОРИЦАТА ЗАГИНАТИ ОД СЕМЕЈСТВОТО АРСЛАНИ „Аудито“ што падна во Вардар го возела 23-годишна девојка

2,253

Четирите жртви од трагичната сообраќајна несреќа што се случи на 2 јануари на патот Рашче – Сарај, сите од семејството Арслани од Грчец, погребани се денеска.

Многу луѓе беа присутни на погребната церемонија, а членовите на семејствата открија дека жртвите постеле и имале ифтар со своите роднини, но враќањето се претворило во трагедија кога автомобилот слетал од патот во надојдениоте води на реката Вардар, објави одредени медиуми.

Министерството за внатрешни работи објави дека „аудито“ го управувала 23-годишната Н.А.

Во несреќата единствено преживеа четиригодишното дете, кое излетало од автомобилот при превртувањето, веднаш било пронајдено од минувачи и било однесено на лекување во Градската болница „8 Септември“. Неговата состојба е стабилна и е на домашно лекување.

Поврзани содржини