Комисијата за заштита од заразни болести денеска нема да го одржи најавениот состанок поради поголемиот број новозаразени со коронавирусот, кој е презакажан за утре.
Нови 22 случаи на ковид-19 се евидентирани во најновиот денешен извештај на Институтот за јавно здравје, додека вчера беа пријавени 20 новозаболени.
На дневен ред на Комисијата денеска требаше да биде евентуално олабавување на мерките против ширење на корона вирусот, намалување на траењето на забраната за движење, предлог за почнување со работа на градинките, предлог за постепено отварање на кафулињата и рестораните, авто школите, кладилниците, теретаните и друго.