ПОГОЛЕМ ОДЅИВ ВО КАРПОШ, ЦЕНТАР И ВО ЧАИР Ќе донесе ли излезноста промени во однос на првиот круг?
Според податоците на ДИК од обработени 98,04 проценти избирачки места, до 18:30 часот, најголем е одѕивот во Карпош 53,50 отсто, што е за 3,72 проценти повеќе во однос на првиот круг кога беше 49,78.
Со исклучок на Шуто Оризари, во останатите скопски општини каде што денеска се гласаше за градоначалник во вториот круг од локалните избори, излезноста е поголема во однос на првиот круг.
Според податоците на ДИК од обработени 98,04 проценти избирачки места, до 18:30 часот, најголем е одѕивот во Карпош 53,50 отсто, што е за 3,72 проценти повеќе во однос на првиот круг кога беше 49,78.
Во Центар излезноста е 51,16, а пред две недели беше 48,1, додека во Чаир на гласање до 18:30 излегоа 44,73, а на 17 октомври 43,05.
Само во Шуто Оризари се бележи помал одѕив. До половина час пред затворањето на избирачките места гласаа 32,81 отсто, а во првиот круг излезноста беше 33,31.