ПОГОЛЕМ БРОЈ РАЗВОДИ, НО И ПОВЕЌЕ БЕБИЊА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ Природниот прираст останува негативен
Бројот на умрените лица, бележи намалување од 0,5% во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.849 лица. Од нив, 20 се починати доенчиња.
Помалку склучени, а повеќе разведени бракови евидентираше Државниот завод за статистика во третото тримесечие од оваа година.
Во овој квартал се склучени 3.514 бракови што е помалку за 2,8% во споредба со истиот период од 2024 година.
Регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува зголемување од 27,7% во однос на лани.
Во третото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца изнесува 4.431 и во споредба со истиот период од 2024 година е зголемен за 3,7%.
Бројот на умрените лица, бележи намалување од 0,5% во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.849 лица. Од нив, 20 се починати доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.