📽️ ПОГОДЕН АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА МОЌ? „Линколн“ е еден од најголемите воени бродови во светот

Иран тврди дека го погодил американскиот носач „УСС Абрахам Линколн“ и објави видео од нападот. Се работи за еден од најголемите воени бродови во светот со нуклеарен погон што му овозможува долготрајни операции без дополнување гориво.

711

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека ирански крстосувачки ракети го погодиле американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“. Заедно со тврдењето беше објавено и видео кое наводно го прикажува моментот на нападот.

Засега нема официјална реакција од американска страна.






Ова не е првпат Иран да тврди дека го погодил истиот носач. На 1 март, според нив, со четири балистички ракети бил извршен напад врз носачот.

Централната команда на САД тогаш ги отфрли ваквите наводи, оценувајќи ги како неточни и пропагандни.

„УСС Абрахам Линколн“ е еден од најголемите воени бродови во светот и дел од класата „Нимиц“, со нуклеарен погон што му овозможува долготрајни операции без дополнување гориво.

 

Бродот носи повеќе од 60 авиони, вклучувајќи Ф-35, додека неговата ударна група вклучува разорувачи со ракети „Томахавк“ и подморница на нуклеарен погон, што го прави клучен инструмент на американската воена моќ.

Според сателитски снимки потврдени од Би-Би-Си носачот последен пат бил забележан на 15 февруари покрај брегот на Оман.

Недостигот од независна потврда за нападот отвора простор за сомнеж, додека информациите се движат меѓу воени тврдења и можни пропагандни наративи.

Поврзани содржини